Куче спасено од фабрика за преработка на отпадни води

531

Двегодишен англиски мастиф е спасен во САД, откако беше пронајден заглавен во отпадот бво фабриката за преработка на отпадни води.

Работникот на таа фабрика во сојузната држава Колорадо го слушнал лаењето на женката Гиџет во понеделник и ја пронашол во базенот за аерација, каде што била заглавена најмалку еден час, наведува Асошиејтед прес.

Тој останал со кучето до доаѓањето на пожарникарите, кои го спасиле и го вратиле на сопственичката Менди Смит.

Според нејзините зборови, Гиџет и ловечкото куќе Бади заминале од дома во неделата вечер, а Бади се вратил следниот ден без Гиџет.

Смит наведува дека Гиџет и по седум капења сė уште смрди, но дека е среќна што е дома.