Крајот на патот за култната „буба“

149

Дојде најавуваниот крај на производство на култната „буба“ на „Фолксваген“. Германската автомобилска компанија минатата година соопшти дека од јули годинава  ќе престане производството на легендарниот модел „буба“, пренесува „Тајм“.

Моделот беше дизајниран во 30-те години на минатиот век од Фердинанд Порше. Овој култен автомобил беше дел од многу историски случувања низ текот на осум децении. Почнувајќи од мрачните времиња на Германија за време на нацизмот, „бубата“ потоа стана симбол на повоената ренесанса во земјата, за потоа да стане светски симбол, продаван и препознатлив насекаде низ свет. „Бубата“ беше и култен симбол на хипи-движењето во шеесетите години во САД, а деценија подоцна почна да бележи пад во продажбата.

Честопати „бубата“ беше нарекувана „автомобил на народот“, поради неговата ниска цена и издржливост. На американскиот пазар купувачите беа поттикнувани од мотото „размислувајте на мало“. Токму во САД продажбата на „бубата“ бележеше добри резултати. Во 1968 година во САД биле продадени 563.522 „буби“ автомобили, или околу 40 отсто од целото производство.

Производството на „Фолксваген“ заврши во 1978 година, откако други автомобили го презедоа водството (воглавно „југото“). Но „бубата“ уште не се предаваше. Нејзиното производство продолжи во Мексико од 1967 па сѐ до 2003 година, подолг период од производството на самиот автомобил во Германија. 

Последната едиција на „бубата“, „.5961“ ќе биде ставена во музеј во Пуебла, Мексико, откако ќе се одржи прославата која ќе го одбележи крајот на производството на овој легендарен автомобил.