Кралска свадба се подготвува во замокот Виндзор

1300

Нивните златни прстени се направени од чисто велшко злато од „Клогау сент Дејвид голд мајн“ во Долгелау, Велс. Станува збор за кралска традиција, која почна од пред 95 години, кога лејди Елизабет Боуз-Лион, тогашната кралица Мајка, се омажи за тогашниот војводата на Њујорк на 26 април 1923 година

Венчавката на принцот Хари и на американската актерка Меган Маркл е закажана за 19 мај во капелата „Сент Џорџ“, а оттаму прославата ќе биде продолжена во Виндзорската палата. Церемонијата ќе почне во 12 часот и ќе биде спроведена од страна на деканот на Виндзор, Дејвид Конер. Архиепископот на Кентербери, Џастин Велби, ќе ја официјализира венчавката откако двојката ќе ги каже брачните завети. Архиепископот е најстариот епископ на англиканската црква и ја крсти Меган во црквата на Англија во март.

Нивните златни прстени се направени од чисто велшко злато од „Клогау сент Дејвид голд мајн“ во Долгелау, Велс. Станува збор за кралска традиција, која почна од пред 95 години, кога лејди Елизабет Боуз-Лион, тогашната кралица Мајка, се омажи за тогашниот војводата на Њујорк на 26 април 1923 година.
Капелата „Сент Џорџ“ е место за кралските свадби откако кралот Едвард Седми се омажи за принцезата Александра од Данска во 1863 година. Таткото на Хари, принцот Чарлс, го прослави својот брак со Камила Паркер-Боулс токму во капелата во 2005 година. Други неодамнешни кралски свадби што се одржале во капелата се на вујкото на Хари, односно принцот Едвард и Софи Рис-Џонс во 1999 година, и на најстариот внук на кралицата, Питер Филипс и Канаѓанката Отм Кели во 2008 година.
Венчавката на Хари и на Меган е првата од двете кралски венчавки што се закажани во капела за оваа година. Следна е на неговата братучетка, принцезата Евгенија, која се мажи со Џек Броксбанк во октомври.

Капела „Сент Џорџ“ се наоѓа во внатрешноста на ѕидовите на замокот Виндзор. Замокот бил изграден од Вилијам Освојувачот, своевремен крал на Англија, на стратегиска позиција на реката Темза, по инвазијата на Норман во Англија во 11 век.
Капелата е „Ројал пикулиа“, што значи дека е под директна јурисдикција на монархот (наместо епархија или архиепископија), и се смета за еден од најдобрите примери на готската архитектура во Англија. Госкиот стил цветал во Европа за време на високиот и доцниот среден век, од 12 до 16 век. Прекрасниот засводен таван бил завршен во 1528 година, за време на владеењето на Хенри Осми.

Иако Меган и Хари се современ пар, нема да можат да ги избегнат традиционалните норми. Кралското семејство ќе ги намири трошоците за свадбата на Меган и на Хари. Не се знае колку точно ќе се потроши, но познато е дека за свадбата на Кејт Мидлтон и на принцот Вилијам беа потрошени 34 милиони фунти. Минатиот месец беше објавено дека свадбената торта ќе ја направи Клер Птак од „Вајолет кејкс“, Лондон. Тортата ќе биде со лимон и со мирис на бозел. Ќе биде направена во духот на пролетта, украсена со 900 шеќерни цветови. На 1 април беше објавено дека за цветните декорации е ангажирана Филипа Кредок.

Младенците повикаа 2.640 гости. Од кои 1.200 припадници на јавноста, номинирани од девет регионални канцеларии, 200 луѓе избрани од добротворни организации и организации со кои Хари и Меган имаат соработка, 100 ученици од две локални училишта во заедницата на замокот Виндзор, 610 члена на заедницата за замокот Виндзор и 530 члена на „Ројал хаусходс“ и „Кооун естејт“.

Објавено е дека Меган и Хари ќе се потрудат колку што можат да ја вклучат публиката во целиот настан, што значи дека целиот свет ќе може да ја гледа свадбата на телевизија. За време на свадбата ќе има и специјално направено кралско пиво, составено од американски и британски хмељ. Свадбата ќе биде обезбедена со вооружени специјалци, кои ќе бидат распоредени насекаде. Хари го дизајнираше свршеничкиот прстен со три дијаманти. Се претпоставува дека ќе биде жолт.
Венчаницата освен првите скици, не се знае како ќе изгледа, не се знае ниту кој ќе ја дизајнира, но претпоставки и предвидувања има многу. Се споменуваат имињата Ердем, Роланд Мурет, Инбал Дрор, Џени Пакхам, Александар Меквин, Кристофер Бејли од Бурбери…

– Засега само мала, одбрана група луѓе го знаат името на дизајнерот, па не очекувајте да дознаете во скоро време – изјави репортерот Омид Скоби.
Следејќи го примерот на Кејт, најверојатно ќе носи два фустана. Кејт Мидлтон беше невеста во 2011 година и носеше венчаница што вредеше 434.000 фунти. Според веќе објавените информации, фустанот на Маркл ќе чини околу 500.000 фунти.