„Коштана“ в недела на сцената на Долни Сарај во Охрид

310

Култниот мјузикл „Коштана“ од Борисав Станковиќ, во музичка адаптација на Влатко Плевнеш, кој се игра веќе десетина години и предизвикува голем интерес, публиката ќе може да го погледне в недела, од 21 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид.
Улогата на Коштана ја толкува пејачката Силвана Мучиќ Плевнеш, а, освен неа, дел од ансамблот се и голем број актери и музичари.

Гледачите ќе имаат можност да уживаат во неповторливата и оригинална изведба на Силви на „Шано душо“, „Отвори ми, бело Ленче“, „Крај Вардара седеше“… Овој музички израз ѝ е близок и познат на публиката, која секогаш на вистински начин знае да ја награди Силви, која вели дека оваа улога е како создадена за неа.
Издаден е и албум со песни од театарската претстава „Коштана“, во издание на продукцијата „Сил-вла“ и веќе се наоѓа во продажба.
Влезниците за мјузиклот „Коштана“ се во продажба и чинат 350 денари.