Костумите го оживеаја филмот за Елтон Џон

124

За две недели во кината ќе почне да се прикажува приказната за британскиот пејач, пијанист, композитор и еден од најпопуларните музичари на 20 век – Елтон Џон. На 30 мај ќе почне прикажувањето на филмот „Рокетмен“, епска музичка фантазија што го раскажува животот на музичарот, кој има продадено повеќе од 250 милиони плочи, кој успеа на „Бродвеј“, а чиј уникатен спој на поп и рок-стиловите го претвори во една од најголемите музички икони на минатиот век и во музиката воопшто.

Филмот „Рокетмен“ ја следи неговата фантастична трансформација на срамежливиот пијанист Реџиналд Кенет Двајт во светска ѕвезда. Во филмот, главниот актер Тарон Егертон изведува некои од најпознатите песни на Елтон. Џејми Бел ја игра улогата на долгогодишниот текстописец на Елтон, Берни Таупин. Ричард Медден е во улога на првиот менаџер на Елтон, Џон Рид. А Брајс Далас Хауард е мајката на Елтон, Шеила Фербрадр. Елтон Џон изјавил дека никогаш не чул некој подобро да ги пее неговите песни од Тарон.

Освен по музиката, Елтон Џон беше познат и по екстравагантните и единствени костуми. Големите очила, светкавите чевли, пердувите, крзното, големите шапки… Сето тоа беше дел од неговиот изглед, кој исто така е дел од филмот.
Дизајнерот на фантастичните костуми на Елтон, кои дополнително го оживеаја филмот на Џулијан Деј, инспирација црпеше од облеката на Елтон за да го долови стилот на пејачот, кој сепак совршено ќе му одговара и на главниот актер Тарон Егертон. Во филмот се употребени повеќе од 50 пара чевли, повеќе од 50 дизајни на очила, потрошено е големо количество материјал.

Дизајнерот комбинирал син костум и црвени чизми направени од кристали „сваровски“. Кошула од сребрена ткаенина, а на главата рачно изработена сламена шапка. Исто така голем капут од вештачко крзно.

Елтон Џон на филмот работел како продуцент, а сам се погрижил и за модните комбинации.

– Кога имам настап, дваесет минути пред да излезам на сцената избирам соодветна облека, и дури не изберам комбинација што е идеална, јас не сум Елтон. И кога ќе одберам, дури тогаш сум во улога на Елтон Џон – вели пејачот.