Косово не може да учествува на Евровизија

157

Европската агенција на регулаторни тела (ИБИУ) со мнозинство гласови одби да прифати Косово како независна држава да биде примено во Европската радиодифузна унија (ЕБУ), а со тоа му оневозможи да учествува на Евровизија.

Со ова практично се става точка на актуелните тенденции на Косово како самостојна држава да учествува на Евровизија.

На средбата во Осло, на која присуствувале и претставници на Радио-телевизија Србија (РТС), било решено Косово да не биде примено во организацијата како полноправна членка, пренесе „Танјуг“.

Помошник-директорот на РТС, Миливоје Михајловиќ, кој присуствувал на средбата во Осло, изјавил дека 673 гласови биле против, а 400 за промена на статутот.

– Унгарија денеска го повлече потписот од ова барање, но сепак се дискутираше и гласаше. Членките на ЕБУ го прифатија аргументот на РТС дека се работи за политички потег, односно политички преседан – рече Михајловиќ.

Помошник-директорот на РТС смета дека ова не претставува пречка за професионалниот развој на РТВ Косово.