„Копјето на судбината“

159

Една од најголемите христијански светињи е легендарното копје на легионерот Гај Касиј (Лонгин), со кое тој ги прободел градите на распнатиот Исус Христос. Со него му бил нанесен удар на Исус Христос кога бил распнат на крстот. Во Евангелието е напишано, дека „еден од војниците со копје ги прободе неговите ребра.“ И тој војник, по име Гај Касиј, рекол: „Навистина овој човек бил праведник!“ Според преданието, Гај Касиј поверувал во Христа и на крштението го добил името Лонгин. Заради проповедање на христијанското учење умрел како маченик и бил прославен како свет. А неговото копје станало голема ризница на христијанството. Светот го знае под името „Копјето на Лонгин“ или „Копјето на судбината“.

Се претпоставува дека „Копјето на судбината“ било и во рацете на Хитлер. Историчарите потврдуваат дека мистички настроениот Адолф во младоста со часови стоел во Виенскиот музеј на историјата на уметностите пред витрината во која се наоѓало „Копјето на Лонгин.“ Потоа, кога Австрија станала дел од територијата на Третиот рајх, Хитлер ја прогласил таа реликвија за „империјално богатство“ и бил убеден дека имајќи го „Копјето на судбината“ може да го пороби целиот свет. Почнувајќи ја Втората светска војна, Хитлер слепо верувал во непобедливата мистична сила на реликвијата.