Концерт на Влатко Лозаноски на Китино кале

172

Некогаш култното место за граѓаните на Кичево, каде што настапувале речиси сите пејачи од земјава, но и од регионот, Китино кале, вечерва повторно ќе биде музички епицентар, бидејќи концерт во родниот град ќе одржи Влатко Лозаноски. Ова ќе биде втор голем настап на Лозано, по оној во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, пролетва. Деновиве се работи на уредување на просторот околу калето со што ќе бидат исполнети сите предуслови за еден голем музички настан. Почетокот на концертот е закажан за 21 часот, а цената на влезниците изнесува 300 денари.

Лозано најави деновиве дека на 2 август, на големиот македонски национален празник Илинден ќе одржи мегаконцерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Деновиве тој во студиото на Лазар Цветковски, негов долгогодишен пријател и соработник, почна и со снимање нов музички материјал.