Концертот на Цукеро во СЦ „Билјанини извори“

85

Поради лошите временски услови, во договор со менаџментот на италијанската музичка ѕвезда Цукеро, организаторот на концертот, продукцијата „Авалон“ одлучи денешниот концерт да го префрли во спортската сала „Билјанини извори“. На вечерашниот концерт Цукеро, со својот карактеристичен блуз-вокал, ќе отпее дел од своите најголеми хитови: „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ и уште многу други. За поубава прегледност, на нивната веб-страница е објавена и шема со поставеност на категории и седишта. Сите оние што сакаат да го гледаат Цукеро, а не набавиле влезници денеска во продажба ќе бидат пуштени дополнителни 200 билети.