Коза предизвика збунетост и паника во париското метро

147

Патниците во метрото во Париз денеска се изненадиле откако човек се качил со коза во возот на станицата „Тилери“, пренесува британски „Индипендент“.

Според револтираните граѓани, човекот предизвикал паника меѓу откако пристигнал со козата, предизвикувајќи задоцнување на „Линијата 1“ на париското метро.

„Застој на метрото, човек влезе во метро со коза, и одби да излезе“, „дали можете да верувате, доцнам зошто човек влезе со коза во метрото“, гласат дел од коментарите во врска со невообичената случка, објавени на Твитер.

Фотографиите објавени во социјалните мрежи ја потврдуваат информацијата дека маса фрустрирани патници чекаат на станиците на метрото.

Според очевидците, човекот се обидел да побегне, но веднаш бил уапсен од полицијата.