Коди Ферн во новата сезона од „Американска хорор-приказна“

39

Коди Ферн ќе ја глуми клучната улога во осмата сезона од „Американска хорор-приказна, објави „Вараети“.

Ангажманот на младиот глумец во серијата „Американска хорор-приказна: убиството на Џани Версаче“, се чини, бил полн погодок за продукциската куќа „Еф-икс“, инаку креатор и на двете серии.

Поднасловот на новата сезона од „Американска хорор-приказна“ ќе биде – „Апокалипса“. Ферн ќе се појави и во последната, шеста сезона на „Куќа од карти“.