Кога познатите ќе го одврзат ќесето

108

Мајкл Џордан има две клиники за пациенти без здравствено осигурување

Мајкл Џордан, кошаркарската жива легенда и миленик на многу генерации вљубеници во магијата на овој спорт, деновиве ја отвори својата втора здравствена установа во која им се даваат здравствени услуги на пациенти без здравствено осигурување. Само пред две години Мајкл Џордан објави дека ќе донира 7 милиони долари за изградба и за отворање две медицински установи, а сега овој негов сон стана реалност. Сопственикот на кошаркарскиот клуб Шарлот Хорнетс, на тој начин сака да ѝ се оддолжи на заедницата.

Локацијата на оваа болница не е случајна. Се наоѓа во делот од градот каде што живеат жители со пониски примања и им дава услуги на непривилегираните граѓани што немаат здравствено осигурување. Клиниката на располагање има 12 диспанзери, рендген-сала и простор за физикална терапија. Покрај тоа што ќе се грижи за здравјето на пациентите, клиниката ќе има и социјален работник за социјална поддршка на посетителите на клиниката.


Кијану Ривс донира милиони долари за детските болници

И Кијану Ривс (54) е познат хуманитарец и го нарекуваат актерот со големо срце. Иако и порано често им помагал на сиромашните и донира за добротворни цели, Ривс во последните години донирал милиони долари за детските болници. Ѕвездата на филмовите „Брзина“, „Матрикс“ и „Џон Вик“ веќе некое време ја има својата хуманитарна фондација, која финансира разни медицински истражувања и болници. Често на ваквите потези на познатите се гледа како на еден вид рекламирање со кое се презентираат во јавноста како добротвори, но актерот никогаш не сакаше да се пофали со тоа.