Книгата на Мишел Обама е светски бестселер за 2018 година

264

Од издавачката куќа „Пингвин рендом хаус“ изјавиле дека книгата на поранешната прва дама на САД, „Becoming“ се продала во повеќе од 2 милиони примероци во Севрена Америка. Само првиот ден биле продадени дури 725.000 копии од мемоарите. Годинава поголема продажба првиот ден имала само книгата на Боби Вудворд насловена „Fear: Trump in the White House”.

За споредба, книгата на Хилари Клинтон со наслов „Living History“ се продаде во милион примероци за еден месец. Сега, издавачот вели дека книгата на Мишел е бестселер и во Јужна Африка, Австралија, Германија, Франција и Британија.

Книгата на Мишел Обама е поделена на три дела: „Becoming Me”, „Becoming Us” и „Becoming More”, а таа во неа пишува за своето детство, факултетот, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД и нивните ќерки, како и искуството во политиката.