Кијану Ривс открива: „Матрикс 4“ е љубовна приказна

24

Ѕвездата на култната научнофантастична трилогија „Матрикс“, Кијану Ривс, неодамна изјави дека четвртото продолжение на серијалот ќе биде инспиративна љубовна приказна.
Ривс треба да ја повтори улогата на Нео, заедно со Кери-Ен Мос, која се враќа како Тринити, првпат по „Матрикс револуции“ од 2003 година.

Во разговор со Ронан Китинг, во неговото ток-шоу, Ривс, кој моментално снима во Берлин, потврди дека Нео ќе се појави во новиот филм, и покрај стравувањата дека неговиот лик исчезнал засекогаш.