Кина сака глобален систем на патувања заснован на кју-ар кодови

256

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на усвојување глобален механизам заснован на кју-ар кодови за отворање на меѓународните патувања.
– Треба подобро да ги усогласиме политиките и стандардите и да воспоставиме брзи линии за патување на луѓето – изјави Си.
Кју-ар кодовите ќе се користат за проверка на здравствената состојба на патниците, меѓутоа, активистите за човекови права предупредуваат дека кодовите може да се користат и за пошироко политичко следење и исклучување.
Кинескиот претседател зборуваше на самитот на Г20, што се одржа преку интернет, а на кој присуствуваа лидерите на 20-те најголеми економии во светот. Домаќин беше Саудиска Арабија.

Тој повика на отворање на глобалната економија, вклучувајќи обновување на глобалните и индустриските синџири на снабдување, како и либерализација на трговијата со клучните медицински материјали.
Патувањето е сè уште предизвик за повеќето земји поради зголемениот број заразени со коронавирусот.
Имено, кју-ар кодовите се бар-кодови што можат да се читаат и со мобилните телефони.