Кејт и Меган ги гледаа Ѓоковиќ и Надал

576

Сопругите на британските принцови, Кејт Мидлтон и Меган Маркл денеска првпат се појавија сами во јавност на Вимблдон, без своите сопрузи на тенискиот натпревар меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Војвотката Кејт избра фустан на дизајнерот Џени Пакам за полуфиналниот натпревар на тенискиот турнир Вимблдон, додека Меган се одлучи за фустан на модната куќа „Ралф Лорен”. 

Познато е дека сопругата на принцот Вилијам многу го сака тенисот, но оваа година таа не присуствуваше на мечевите на Вимблдон поради раѓањето на синот.

Меган пред две години на Вимблдон двапати ги следеше натпреварите на нејзината пријателка Серена Вилијамс, која беше меѓу официјалните лица на нејзината венчавка. Во т ој период, на јавноста не и беше познато дека Маркл се гледа со принцот Хари.