Кајсијата e ризница на витамини и минерали

202

Кајсиите содржат витамин Ц, витамин А, витамини К, Б1, Б2, Б3, Б6, Е, како и минерали: калиум, калциум, бакар, железо, магнезиум, манган, фосфор и цинк. Истражувањата покажале дека кајсијата има силен ефект во превенцијата од карцином поради антиоксидантите и другите супстанции што ги содржи и дека го олеснува артритисот затоа што маслото од нејзините семки има силни антиинфламаторни својства.
Исто така го подобрува варењето на храната затоа што е богата со растителни влакна, кои го балансираат метаболизмот, а го чува и здравјето на срцето така што го намалува лошиот холестерол.

Витаминот Ц од кајсиите ги ублажува симптомите и го скратува времетраењето на настинките, ги храни кожата и косата, го спречува опаѓањето на косата и го стимулира нејзиниот раст, дејствува при третман на акни, дамки на лицето и други неправилности на кожата.
Кајсиите се многу хранливи и во исто време имаат малку калории. Тие се богати со диетални влакна, што предизвикува чувство на ситост и на тој начин спречуваат прејадување. Свежите кајсии го зачувуваат здравјето на коските, го потиснуваат воспалението, ги олеснуваат симптомите на астма и бронхитис, помагаат во третирање на анемијата, штитат од инфекции, го елиминираат заморот, ја зголемуваат концентрацијата.