Кафка и патувачката кукла

278

136 години од раѓањето на Франц Кафка

Една година пред неговата смрт, славниот писател Франц Кафка (3 јули 1883 – 3 јуни 1924) доживеал необично искуство. Додека поминувал низ паркот Штеглиц во Берлин, тој ја запознал малечката Елса која била разочарана бидејќи ја изгубила нејзината омилена кукла Бриџит. Кафка се понудил да ѝ помогне во потрагата и договорил средба за следниот ден на истото место.

Откако не можел да ја пронајде куклата, тој напишал писмо во името на изгубената кукла Бриџит и го понел со себе на повторната средба.

– Те молам немој да плачеш, отидов на патување за да го видам светот. Ќе ти пишам наскоро за моите големи авантури – со овие зборови Кафка го започнал писмото.

Тој и Елса се среќавале секој ден и тој секој ден ѝ ги читал писмата во кои биле детално опишани имагинарните авантури на саканата кукла. Девојчето се чувствувало подобро и кога дошол крај на нивното секојдневно дружење, Кафка ѝ подарил кукла. Новата кукла, очигледно, била поинаква од изгубената. Во последната реченица Бриџит на Елса ѝ ја објаснила причината за тоа.

– Моите патувања ме променија – стоело во последната реченица.

Многу години подоцна, кога Елса веќе пораснала, таа ја пронашла пораката која била скриена во куклата што ѝ ја поклонил Кафка.

– Голема е веројатноста дека ќе го изгубиш сето тоа што го сакаш, но на крајот љубовта ќе се појави во некој друг облик – напишал тој.

Извадок од приказната „Кафка и патувачката кукла“, настаната според вистински настан