Катерина Ничовска ја освои титулата за најдобар национален костим

157

Викендов во Анталија, Турција, се одржа изборот „Кралица на Евроазија 2018“. Нашата претставничка Катерина Ничовска (17) од Скопје ја освои титулата најдобар национален костим. Изборот се одржа во Белек, каде што учесничките престојуваа десет дена, подготвувајќи се за големото финале.

Нова кралица на Евроазија е претставничката на Молдавија, а круната ја предаде минатогодишната победничка, нашата Сандра Стефановска. И Сандра и Катерина се членки на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина .