Карневалот белег на Тиквешкиот гроздобер

214

Кавадарци трет ден пулсира во ритамот на гроздоберот со рекорден број гости и одлична организација. Традиционално на третиот ден од манифестацијата најатрактивно за посетителите од сите категории е карневалската поворка која годинава беше богата со атрактивни маски.

Покрај прекрасните мали гроздоберчиња маскирани во винова лоза и гроздови имавме можност да видиме одлични иновативни маски за кои се погрижиле учениците од основните и срeдните училишта заедно со нивните наставници и професори.

Голем број на карневалски групи годинава гостуваа и од збратимените градови со Кавадарции како и гости од познатите карневалски градови од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија и Србија.

Ми.М.