Кардиоваскуларни вежби како заштита од коронавирусот

97

Подложноста на коронавирусот е поврзана со неколку фактори, вклучувајќи ги возраста (луѓе на возраст над 60 години), дебелината, дијабетесот, хипертензијата и кардиоваскуларните заболувања. Додека некои од овие фактори се генетски, други се поврзани со начинот на живеење.

Студијата објавена во весникот „Обесити“ сугерира дека кардиоваскуларниот тренинг може да обезбеди одредена заштита од сериозни симптоми на коронавирусот, што е добра вест за оние што имаат навика да трчаат.

Авторите на студијата објаснуваат дека кај луѓе што не се физички активни или се борат со инсулинска резистенција или дијабетес, нивото на антиинфламаторни цитокини се зголемува и создава поголем ризик од инфекција, што може да биде придружено со потешки симптоми и исходи.

Иако секојдневното трчање не е гаранција за имунитет од ковид-19, тоа секако е добро за заштита и за создавање подобар имунитет. Покрај тоа, повеќето луѓе што почнуваат да трчаат обично ги менуваат животните навики откако ќе започнат со таквата активност.

Но вашата програма за тренинг треба да ја приспособите на вашето тело. Преоптоварувњето може и негативно да влијае на имунолошкиот систем, така што ако одеднаш сте ја зголемиле километражата за трчање, знајте дека треба да му дадете на вашето тело часови и часови одмор за да го издржите товарот.