Капењето во Балтичко Море забрането поради токсични бактерии

117

Полските власти забранија капење на повеќе од 50 плажи на Балтичкото Море, бидејќи топлото време довело до пораст на токсични бактерии во морската вода.

Капењето е забрането на местата каде се намножени зелено-кафени колонии цијанобактерии, кои претставуваат закана по здравјето.

Регионалните здравствени власти предупредуваат дека бактериите можат да предизвикаат алергија и осип. Додека внесувањето на контаминирана вода може да предизвика сериозни стомачни проблеми.

Таков интензивен раст на цијанобактерии во Полска не е забележан во последните 12 години. Причина за тоа се високите температури на воздухот од 34 степени Целзиусови, што ја зголеми и температурата на водата во Балтичко Море.