Како да заспиете за помалку од две минути?

312

За оние кои страдаат од несоница, Американската армија открива свои специјални методи како да заспиете за помалку од две минути по легнувањето. Тие вклучуваат посебни техники на дишење, опуштање на мускулите и на визуелизација.

Книгата „Relax and Win: Championship Performance“ од Бад Винтер и Џимсон Ли првпат е издадена пред скоро четири децении, но сега е достапна и во електронски интернет формат. Во неа се опишани техниките кои американските војници ги користат за да го добијат својот одмор, дури и за време на битка.

Овие методи може да им помогнат и на оние кои, поради депресија или анксиозност, страдаат од несоница. Ефикасноста на тие посебни техники е 96 отсто, се вели во книгата.