Како ги трансформира коронавирусот нашите домови

227

И додека некои експерти тврдат дека куќите ќе станат попопуларни од апартманите, благодарение на надворешниот простор, реалноста е дека живеењето во пренатрупан простор не води никаде. Ова значи да се фокусираме на тоа да го приспособиме начинот на кој размислуваме за нашиот помал простор

Пандемијата на коронавирусот доведе до огромна трансформација во светот, и тоа за многу кратко време. Од економијата, до технологијата, сè се смени за само неколку месеци. Истото може да се каже и за нашите домови, кои станаа светилишта на начини што не сме можеле ни да ги замислиме пред само една година. Како ќе се приспособат дизајнерите на ентериер на светот обликуван од ковид-19?
Еден од водечките дизајнери на ентериери во Австралија, Дејвид Флак, вели дека иако тоа не може драматично да го промени начинот на кој професионалците гледаат на нивниот процес на дизајнирање, тоа го смени начинот на размислување, а за возврат и очекувањата на клиентите.
– Многумина од нас повеќе се фокусираа на работата отколку на причините зошто работиме. Вредностите да се работи напорно за да се живее подобар живот беа заменети со живеење за да се работи и јас сум многу благодарен за ова ресетирање – вели Флак.

Поминувањето повеќе време дома значеше дека едноставните задоволства станаа поважни од кога и да било, нешто за што Флак потврдува дека во прв план на својата работа му е да создаде убави простори за живеење.
– Домовите се светилишта и ковид-19 ги виде нашите кујни, кади и фотелји, кои нè потсетија на нивната важност да ни дадат рамнотежа и да создадат простор за дружење со нашите семејства, љубовници и пријатели. Тоа е она што го зајакна мојот процес на дизајнирање и беше убаво да се слушне од сите наши клиенти за тоа како нивните домови функционираат за нив – забележува тој.
Според него, со обновени интереси за просториите во домот и барањето да се направи домот што е можно пофлексибилен, очигледно во иднина ќе се фокусираме на зелените површини, канцелариите во домот и начинот на живот, меѓутоа фокусот на завршните работи, материјалите и уредите што помагаат во одржување здрави и одржливи домови ќе биде наш приоритет да се движиме напред, истакнувајќи ги готвењето и поддршката на семејството како клучни фокуси.

– Нашиот пристап е холистички и во голема мера за дизајнирање домови што гледаат кон иднината, за да се обезбеди простор што ќе функционира сега и за дваесет години. Забележавме дека клиентите многу побрзо го разбираат нашиот процес, бидејќи ѝ даваме значење на секоја зона во домот, со намера да создадеме простори што можат да прифатат сѐ што ќе донесе животот, вклучувајќи и пандемија – објаснува Флак.
И додека некои експерти тврдат дека куќите ќе станат попопуларни од апартманите, благодарение на надворешниот простор, реалноста е дека живеењето во пренатрупан простор не води никаде. За Флак, ова значи да се фокусираме на тоа да го приспособиме начинот на кој размислуваме за нашиот помал простор.

– Малите простори можат да понудат повеќе отколку што мислите. Ако ви прават да се чувствувате како дома и ве смируваат, значи тие веќе функционираат. Големата промена е да се фокусирате на тоа како се чувствувате во просторот, наместо на големината или на она што го има во вашето соседство. Во помалите простори го имате луксузот да направите сè да биде важно, затоа секогаш изберете ја удобноста над стилот – предлага тој.
За оние што сè уште не се за целосно реновирање, важно е да го искористите она што веќе го имате кога работите од дневната соба.