Какви униформи ќе носат астронаутите на идните патувања во вселената

464

Вселенската трка на Илон Маск, Џеф Безос и НАСА е од голем интерес на јавноста и секојдневно се шпекулира за нивниот следен чекор . Маск со „Спејсекс“ вети дека ќе ги прати првите луѓе на Марс, а Безос го има насочено неговиот поглед кон Месечината. Исто така, НАСА сака што побрзо да испрати луѓе назад во вселената. Затоа се наметнува прашањето, каква опрема ќе носат и ќе употребуваат астронаутите?

Ејми Рос, раководител на технолошката лабораторија на НАСА која се занимава со униформите и технологијата на астронаутите, е лидер на програмата за развој на новата генерација на вселенски одела. Со новиот прототип-одело, се очекува да биде олеснето движењето на астронаутите.

Прототип-оделата, наречени „Серија Зи“, сѐ уште се во раната фаза на тестирање. Но, изгледа тие сепак ќе бидат слични како нивните претходници, изгледајќи бели и подуени.

Во 2014 година, НАСА ја покани јавноста да гласа за дизајнот на три прототип вселенски одела

„Спејсекс“ и НАСА соработуваат со план да испратат астронаути до Интернационалната вселенска станица. Униформите на „Спејсекс“ треба да бидат способни да издржат голем притисок и да поседуваат многу повеќе безбедносни карактеристики, но сепак Маск сака униформите да бидат достојни и да изгледаат како да се од научно-фантастичен филм.

Идните учесници во програмите на „Спејсекс“ би можеле да патуваат во овие униформи во леталата, но не би можеле да ги издржат екстремните температури и токсичната средина на Марс со нив.

Вселенската униформа на „Спејсекс“ е дизајнирана така шти енергијата, водата и воздухот минуваат низ панел кој се наоѓа на средината на десниот бут

Биолошкиот костим

Дава Њуман, поранешен заменик-администратор на НАСА, сака да креира костим што ќе има сѐ што е потребно за мисиите на астронаутите. Таа со години работи на „Биолошкиот костим“, елегантна и лесна униформа која сепак ќе ги заштитува астронаутите во суровите услови.

Наместо како досегашните астронаутски униформи, „Биолошкиот костим“ го распределува притисокот дирекно на кожата. Преносливиот систем кој го одржува  функционирањето на костимот исто така овозможува поголема мобилност и удобност, објаснува Њуман.

Њуман и нејзиниот „Биолошки костим“