Истражување: Гледањето слики од други жени на интернет е штетно

255

Жените честопати се споредуваат со други претставнички на понежниот пол, па понекогаш и со часови разгледуваат туѓи снимки на социјалните мрежи. Тоа го правиме, за да украдеме некоја модна идеја, или едноставно, да ја провериме „конкуренцијата“.

Сепак, научниците велат дека не треба да го правиме тоа. Ново истражување на тим од Универзитетот на Јужен Велс, посочува дека кај жените само еден час гледање други жени на интернет, предизвикува несигурност и намалена самоувереност.

Проучувањето опфатило 100 испитанички. Тие биле прашани – колку време минуваат на Фејсбук, Инстаграм и Пинтерест? Потоа тие биле поделени во четири групи – оние кои минуваат 30 минути, 60 минути, помалку од 90 и над 90 минути на интернет.

Кај жените од втората, третата и четвртата група е карактеристично зголемувањето на загриженоста околу тоа како ќе бидат прифатени од околината.

Познавачите го нагласуваат и тоа дека корисничките на Фејсбук често забораваат дека многу од тие слики се направени со помош на фотошоп.