Истражувачите од Универзитетите Принстон и Вашингтон развија систем за снимање со големина на зрно сол, пренесуваат светските медиуми. Системот е создаден на таканаречена мета-површина со 1,6 милиони цилиндрични столбови и може да работи исто како сензор за камера.

Секој пол делува како оптичка антена, прима светлина за да формира оптички брановиден фронт, а потоа, благодарение на алгоритмите за вештачка интелигенција, се развива висококвалитетна слика во целосна боја.

Традиционалните фотоапарати користат сложени пластични и стаклени леќи кои ја прекршуваат светлината до сензор, што испраќа сигнали по електронски пат. Новото решение пак се потпира на мета-површина, што претставува тенок филм со поединечни минијатурни елементи, развиен за да ја прекршува светлината во која било посакувана насока, се вели во студијата.

Главната примена на овој нов тип на камера е првенствено медицинска, така што роботи ќе можат да вршат минимално инвазивна ендоскопија за дијагноза и третман на болести.

Конструирањето на метаповршината се заснова на силициум нитрид, што значи дека истата ќе може брзо да се произведува на масовно ниво, по пониска цена од леќите за конвенционалните камери. Ова е првпат истражувачите да користат дизајн каде оптичката технологија е на предниот дел, а невронската обработка работи на задниот дел. Експертите веруваат дека овој изум ќе ја отвори вратата за „сосема различни начини на создавање уреди во иднина“.