Кучето на американскиот претседател Џо Бајден никако да се навикне на животот во Белата куќа. Мејџор, тригодишното куче од расата германски овчар, ќе биде однесен од Белата куќа на дополнителна дресура откако се случиле два инцидента со каснување минатиот месец, пренесуваат американските медиуми.

Поради неговото однесување во Белата куќа, Мејџор веќе поминал дел од минатиот месец во домот на Бајден во Делавер, но по каснувањето на службеник од тајната служба, очигледно е дека на германскиот овчар му е потребна дополнителна дресура.

Мајкл Ла Роса, портпаролот на првата дама Џил Бајден, откри дека лекциите за подобрување на однесувањето на Мејџор се очекува да траат неколку недели. Џо и неговата сопруга Џил имаат и втор германски овчар, 12-годишниот Чамп, кој во меѓувреме ќе остане со нив во Белата куќа.

Вообичаено, покрај семејството на претседателите на САД, во Белата куќа престојуваат и нивните кучиња. Традицијата, долга 120 години, ја прекина 45-от претседател на САД, Доналд Трамп, со изговор дека нема да има време за прошетки.