Илјадници пчели нападнаа штанд во центарот на Њујорк

176

Њујоршката полиција морала да блокира дел од 43. улица и Бродвеј по дојавата дека чадорот над еден штанд за продажба на хот-дог бил преплавен од голем број пчели.

Се верува дека околу 40.000 пчели долетале на штандот од кошниците поставени на покривот на една зграда во менхетен поради големата жештина, пишува Индепендент.