Илјадници заинтересирани за вселенски туризам што почнува летово

251

Компанијата на Ричард Бренсон планира ова лето да ја отвори својата вселенска туристичка понуда, а како што се приближува времето за започнување на оваа услуга, интересот на јавноста за вселенско патување започнува да расте.
Илјадници заинтересирани патници веќе направиле резервации преку интернет, а за да си ги обезбедат своите места во вселенското летало, тие требало да уплатат депозит за карта чија цена сè уште не е објавена.

– Картите за првиот комерцијален вселенски лет се распродадени, а иако официјалната продажба на новата серија на билети сè уште не е започната, бројот на онлајн-резервации е двојно зголемен од септември 2019 година. Досега компанијата има направено над 600 фиксни резервации, со близу 8.000 можни патници на списокот на чекање, наведуваат од туристичката компанија „Лонли планет“.

Во подготовките за продажба на нова серија карти, компанијата „Вирџин Галактик“ започна нова програма со која им се овозможува на заинтересираните патници да платат депозит, кој ќе може да се рефундира од 1.000 американски долари, така што кога ќе се ослободат нови места, тие ќе бидат на прво место. Деталите за цената и датумот за пуштање на новата серија билети за вселенското летање сѐ уште не се познати.

Последната карта чинеше 250.000 долари, но се очекува да поскапи, затоа што, според извршниот директор на „Вирџин галактик“, тие веруваат дека картите биле под цената, додавајќи дека во одреден момент таа може и да се намали за патувањето во вселената да биде поприфатливо за повеќе заинтересирани вселенски авантуристи.