Илон Маск со римски броеви го смени името на синот

1156

Извршниот директор на „Спејс екс“ и на „Тесла“ Илон Маск и неговата девојка, канадската пејачка Клер Бушер, позната како Грајмс, го сменија името на своето дете од „X Æ А-12“ во „X Æ А-XII“, истакнувајќи без многу објаснување  дека „римските броеви изгледаат подобро“, пренесува „Гардијан“.

Сите што се надеваа дека „X Æ А-12“ може да биде заменето со нешто малку поконвенционално, ќе се разочарани.

Во својата објава на Инстаграм во неделата, Грајмс потврди дека бебето до скоро познато како „X Æ А-12“ сега ќе биде познато како “X Æ А-XII“.

Грajмс не даде објаснување за користењето на римските броеви, но подоцна одговори на објавата во која беше прашана дали промената е направена за да се усогласи со калифорнискиот закон што дозволува името да ги содржи само 26-те букви од абецедата.

– Римските броеви. Изгледаат подобро, да бидам искрена – напишала таа.