Илон Маск и покрај забраната се закани дека ќе ја отвори фабриката во Калифорнија

52
Богатството на Маск се проценува на 20,7 милијарди долари

Американскиот произведувач на електрични автомобили „Тесла“ повторно ќе ја отвори фабриката во Калифорнија, објави првиот човек Илон Маск, најавувајќи при тоа судир со локалните власти околу мерките за сузбивање на пандемијата.

Маск минатиот викенд се судри со локалните здравствени работници во округот Аламеда и се закани преку Твитер дека ќе ја пресели фабриката во Тексас или Невада. Најави и тужби.

Во друг твит потсети дека автомобилските компании во другите делови на САД веќе добиле дозвола за продолжување на работата, додека прописите во округот Аламеда тоа се уште не го дозволуваат.

Маск сака веднаш да се отвори неговата фабрика во Фермонт, но локалните власти го одложија отворањето за речиси една недела, за да бидат сигурни дека ширењето на коронавирусот е спречено.

Маск најави почеток на производството, а компанијата ги повика вработените да се вратат на своите работни места.

„Тесла“ денеска повторно продолжува со производството, спротивно на прописите на округот Аламеда. Ќе биде на удар како и сите останати. Ако некој мора да биде уапсен, барам тоа да бидам само јас“ напиша Маск на Твитер.

Некои делови на Калифорнија веќе овозможија повторно отворање на одделни фабрики.

За да се намалат тензиите меѓу компаниите и локалните власти, гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом, најави дека „Тесла“ и други произведувачи ќе можат повторно да ги отворат своите фабрики веќе следната недела.

Ризиците од прераното отворање на земјата денеска ќе бидат во фокусот на владиниот состанок во САД. Високиот претставник на здравствениот систем на САД, Ентони Фаучи, во Сенатот предупреди на можните последици од предвременото отворање на економијата нагласувајќи дека тоа би можело да доведе до непотребни закани и смрт.