„Икс денс“ е праз­ник на тан­цот во си­те фор­ми

73

Во Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар во Скоп­је вчера почна „Икс денс 2018“, ме­ѓу­на­ро­ден нат­пре­вар во ко­ре­о­гра­фи­ја. Спо­ред про­гра­ма­та, се одржа нат­пре­ва­ру­вач­ки­от дел, што почна во13 ча­сот, а га­ла-кон­цер­тот ќе се одр­жи вечерва во 19 ч. За на­гра­да­та гран при се бо­рат учес­ни­ци од Ру­си­ја, Ита­ли­ја, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Укра­и­на, Сло­ве­ни­ја, Ка­зах­стан и од Ма­ке­до­ни­ја.
– „Икс денс“ го сла­ви тан­цот во си­те фор­ми, од кла­си­чен ба­лет, со­вре­мен танц до шоу денс, фолк­лор и на­род­но-сцен­ски тан­ци. Пуб­ли­ка­та мо­же да ужи­ва во ин­вен­тив­ни ко­ре­о­гра­фии, из­во­нред­ни из­вед­би и ко­сти­ми. На овој фе­сти­вал, кој ста­ну­ва еден од нај­ре­но­ми­ра­ни­те во ре­ги­о­нот, се нат­пре­ва­ру­ва­ат тан­ча­ри од си­те во­зрас­ни ка­те­го­рии во раз­лич­ни тан­цо­ви дис­цип­ли­ни – ве­лат ор­га­ни­за­то­ри­те.
Нај­до­бри­от учес­ник спо­ред ме­ѓу­на­род­но­то жи­ри ќе до­бие гран при, па­рич­на на­гра­да од 1.000 до­ла­ри и ори­ги­нал­ни охрид­ски би­се­ри од се­мејс­тво­то Фи­ле­ви.
Според најавите на организаторите, вечерва ќе се случи ви­стин­ски танц-спе­ктакл, га­ла-кон­церт со дел од нај­у­ба­ви­те на­ста­пи од прет­ход­ни­от ден. Влез­ни­ци­те за нат­пре­ва­рот и за ре­ви­јал­ни­от кон­церт мо­жат да се ку­пат на би­ле­тар­ни­ца­та на МНТ по сим­бо­лич­на це­на од 100 де­на­ри.