Изолација ако сте заглавени со цимер, партнер, деца или сами

123

Постојат многу совети за тоа како да го скратите времето и да се забавувате во вашиот дом, но како да ја истрпите изолацијата кога ќе бидете осудени 24 часа да поминувате со луѓето со кои го делите просторот за живеење? Ви предлагаме неколку совети како да ги зачувате вашите најблиски врски и здравиот разум за време на карантинот.
Ако сте заглавени со своите цимери: пред две години, инженерката Енсли Бернард помина осум месеци во изолација заедно со колегите со кои работеше на програмата на НАСА за симулација на патување на Марс. Притоа, таа се стекна со драгоцено искуство, кое може да му користи на секој што го поминува целиот ден со своите цимери.

– Зборувањето за потенцијален конфликт пред да се случи, спречува работите да ескалираат. Разгледајте ја ситуацијата како привремена. Исто така, помага ако направите посебни приватни простори во домот – рече Енсли.
Таа и нејзиниот тим секогаш вечерале заедно и го искористиле тоа време да разговараат едни за други.
Ако сте заглавени со деца: сега е совршено време да ја приспособите вашата структура на правила што треба се почитуваат, пишува „Гардијан“.
Можете и да им попуштите во некои барања, на пример да гледаат повеќе телевизија, но потребно е и да смислите активности што ќе го задржат нивното внимание и истовремено ќе ги спречат да ги загубат работните навики.
Интернетот изобилува со објави приспособени за децата, виртуелни музејски патувања и едукативни видеа. Ако вашите деца не можат да ги посетат бабите и дедовците за време на пандемијата, објаснете им ја ситуацијата без лаги, но смирете ги нивните грижи.

Ако сте заглавени со својот партнер: тука е многу важно навреме да се направи план. Однапред договорете се што да сторите ако работите станат стресни, согласете се дека е добро понекогаш меѓусебно да се нервирате. Во тие моменти раздвојувате се во одделни простории. Накратко, треба еден на друг да си дадете повеќе простор, но ова е исто така идеално време да работите и на вашата блискост.
Ако сте заглавени сами со себе: изминативе три години музичарката и писателка Кристал Џекс објавува иронични барби-мемиња на својот профил на Инстаграм за психолошките и социјалните проблеми.

Последните неколку објавувања се осврнаа на коронавирусот, вклучувајќи го и „карантинското бинго“, но и неколку совети за тоа како правилно да го поминете времето што го трошите самостојно, како што се правење ракотворби, чистење или правење свои мемиња.
– Сметам дека хуморот е вистински издувен вентил кога сте вознемирени или анксиозни. Како катарза – вели Кристал.
Еден добар начин да се сврти вниманието од анксиозноста е да им се помогне на другите. Јавете им се на пријателите и прашајте ги како се чувствуваат и дали можете да направите нешто за нив.