Изложба на подводни фотографии во Охрид

287

По повод Денот на Охридско Езеро, денеска на градскиот плоштад во Охрид ќе се отвори изложба на подводни фотографии, во организација на нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид. На изложбата ќе бидат презентирани 30 фотографии од подводниот свет на Охридско Езеро. Фотографиите се дела на нуркачите Милутин и Јован Секулоски.
Изложбата ќе биде отворена во 11 часот и ќе биде на отворено. Сите љубители на подводниот свет и туристи во Охрид ќе имаат одлична можност да уживаат во скриените убавини на Охридско Езеро. Од нуркачкиот центар „Амфора“ информираат дека имаат направено повеќе подводни фотографии, но најубавите 30 ќе бидат изложени денеска. Подводните фотографии ќе бидат изложени само неколку часа.