Извадоци од Библијата откриени во ракопис на Куранот даваат ново светло на религиите

2655

Пасуси од Библијата беа откриени во ракопис на Куранот од осмиот век, што веројатно е единствен забележан случај во кој христијански текст се најде во верзија на светата исламска книга напишана на пергамент, пишува британски „Гардијан“.

Француската научничка д-рка Елеонор Селар бараше фотографии од страницата на стар ракопис продаден од аукциската куќа „Кристис“, кога наиде на последниот каталог што содржеше делови од ракопис од Куранот од осмиот век, или т.н. „втор век на исламот“. Таа забележала дека зад арапскиот текст, се наоѓаат коптички букви. Таа го информирала „Кристис“ откаде што успеале да утврдат дека ракописот припаѓа на Стариот завет – дел од Тората и од христијанскиот Стар завет.

– Ова е важно откритие за историјата на Куранот и за раниот ислам. Ова е сведоштво за културна интеракција помеѓу различни верски заедници – вели Селар која работи во познатата образовна институција Колеж де Франс.

„Кристис“ го нуди ракописот по цена помеѓу 80 и 120 илјади фунти. Познавачите од аукциската куќа веруваат дека ракописот е создаден во Египет, од коптската заедница. Старите ракописи од Куранот на пергаменти се исклучително ретки, според „Кристис“.

– Ова е прилично неверојатно. Кога знаете дека е таму, можете јасно да го видите ракописот. Ние претходно не го забележавме. Ова е фасцинантно, бидејќи е единствениот случај каде што арапски текст се наоѓа преку неарапски текст. Тоа го покажува контактот на заедниците во раните векови на исламот. Откритието е исклучително важно – објаснува Роман Пингано, експертот на „Кристис“.