Избран актерот за главната улога во претпродолжението на „Сопранови“

111

Авторот на светски познатата ТВ серија „Сопранови“, Дејвид Чејс го откри глумецот што ќе го толкува ликот на младиот Тони Сопрано во најавеното претпродолжение на сагата. Тоа е Мајкл Гандолфини – синот на Џејмс Гандолфини, кој го глумеше истиот лик во оригиналната серија.

Серијата и Џејмс Гандолфини како антихерој собраа над 100 „златни глобуси“, еми награди и други награди во периодот 1999 – 2007, додека се прикажуваа шесте сезони. Гандолфини почина во 2013 година.

Во новите епизоди, другите улоги ќе ги глумат Алесандро Нивола, Вера Фармига, Џон Бернтал, Били Магнусен и Кори Стол.

Проектот насловен како „Многуте светци на Њуарк“ е сѐ уште во претпродукција.