Изборот на Спајк Ли во Кан не е политичка одлука

201

Американскиот режисер Спајк Ли (62) ќе биде претседател на жирито на годинашниот Филмски фестивал во Кан, кој ќе се одржи од 12 до 23 мај, објавија организаторите. Ли рече дека има чест да стане првиот човек од африканската дијаспора што е избран за престижната позиција на претседател на жирито на најважниот филмски фестивал во светот.

Директорот на фестивалот, Тиери Фремаус, појасни дека именувањето на првиот Афроамериканец за претседател на жирито во Кан не е политичка одлука, туку порака за универзалност.

Ли е едно од најголемите имиња во американската независна продукција и автор на повеќе филмови. Ли има силна врска со Канскиот фестивал, бидејќи режисерот во текот на изминатите години во Кан имаше премиера на седум свои филмови. Изборот на Спајк Ли доаѓа еден ден по бранот критики за номинацијата за „оскарите“ поради „игнорирањето на работата“ на режисерите и актерите од малцинските групи во САД. Се очекува на годинешното издание на фестивалот во Кан, Спајк Ли да биде награден со „златна палма“ за целото свое творештво.