Играта „Витези на старата република“ можеби ќе добие филм

50

Фановите на видеоиграта „Витези на старата република“ посакуваат филм уште откога излезе оваа видеоигра во 2003 година. Многумина веруваат дека креаторите на играта на „Игри на престолот“, Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс, градат нова трилогија околу оваа древна ера во универзумот на „Војна на ѕвездите“.

„Дизни“ и „Лицас филм“ не потврдија, но шефицата Кејтлин Кенеди навести дека „Витези на старата република“ е во изработка.

– Цело време зборуваме за тоа да развиеме нешто што ќе може да се погледне. Моментално немам идеја каде тоа ќе нѐ однесе, но мора да внимаваме да не влеземе во ритамот на „Стар ворс“. Се обидовме со „Соло: Приказна за војната на ѕвездите“ да видиме дали може да објавиме два филма годишно и сметаме дека не може да функционираме на овој начин. Но тоа не значи дека не размислуваме за различни приказни, кои би можеле да ги реализираме – вели Кејтлин.

Дали ќе биде ТВ-серија или филмска трилогија? Кејтлин вели дека многу ликови од деветте филмски саги ќе бидат насочени кон „Дизни стриминг“. Нејзиниот тим планира филмови за следното десетлетие, така што сѐ уште не знаат во каков формат ќе се појави „Витези на старата република“.

„Витези на старата република“ би можеле да бидат следната трилогија што ќе биде објавена во кината по „Подемот на Скајвокер“, која ја затвора главната серија со Лука и Лео во преден план. „Дизни“ и „Лукас филм“ планираат серија независни филмови, лансирани од „Рог уан“ и „Соло“.

„Лукас филм“ сега внимателно е посветен на трилогијата на Бениоф и Вајс, која и понатаму ќе биде одвоена од новата трилогија на Рајан Џонсон, иако сите три се работат во тандем. Досега не е потврден ниту еден нов филм освен „Подемот на Скајвокер“, кој ќе дебитира во кината овој Божиќ.