Зукеро на 25 јули во Охрид

637

Првпат во Македонија, на 25 јули, доаѓа една од најголемите италијански ѕвезди и еден од најдобрите европски вокали, Зукеро, со своето шоу во Охрид, на сцената на Античкиот театар.
– Зукеро е артист што го има направено невозможното. Со карактеристичен блуз-вокал, има неверојатен број и комерцијални хитови: „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ и уште многу други, а пред сѐ квалитетот на изведбата и музиката секогаш се во прв план – велат од продукцијата „Авалон“.

Зукеро е посебен и по фактот дека е пејач што има зад себе остварено соработка со најголем број квалитетни артисти, како Мајлс Дејвис, Ерик Клептон, Реј Чарлс, Стинг, Тексас, Квин, Питар Габриел, Марк Кнопфлер, Џон Ли Хокер, Џо Кокер, Џеф Бек, Иги Поп, Елвис Костело, Брајан Адамс, Боно Вокс, Би-Би Кинг, „Ту челос“, Мориконе, Андреа Бочели и многу други.
– Концертот на Зукеро во Охрид е, освен нашите традиционални спонзори за оваа година, помогнат и со покровителство на општината Охрид, како и сите други проекти што ќе ги работиме таму оваа година. Сите детали за влезниците ќе бидат познати на 21 мај, во 21 часот – велат од продукцијата.