Зошто славните гости постојано ја промашуваат темата на „Мет гала“?

563

За најбогатите жители на Њујорк, доаѓањето на пролетта значи почеток на сезоната на гала-вечери, низа од скапи забави кои носат добротворни приходи за музеите, културните институции и други добротворни организации. Меѓу најпрестижните вакви настани е „Мет гала“, организиран од Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј „Метрополитен“ во Њујорк, за кој тешко се доаѓа до билет, а според многумина, попрестижен е и од самите „Оскари“, пренесува магазинот „Атлантик“.

Но, црвениот тепих на „Мет гала“ обично ги остава збунети и без зборови оние кои биле поканети, но и обожавателите на настанот. Проблемот обично е предизвикан од различните теми според кои гостите треба да ја изберат облеката. Секоја година, и покрај подготовките и описите, присутните на гала-вечерта прават грешки при изборот на облека на одредена тема.

Во 2016 година беа ветени костуми со технологија, а наместо тоа се појавија ноќни фустани со сребро. на синоќешната гала, и покрај долгите подготовки, учесниците наместо хуморот и величественоста на „кампот“ (во чест на есејот „Записи од кампот“ на писателката Сузан Сонтаг), беа присутни убави фустани со пердуви. Но, учесниците не се единствените кои се виновни за ваквите пропусти. Проблемот може да се посочи во самиот настан, како и индустријата која ја претставува.

Зад „Мет гала“ стои името на Ана Винтур, 69- годишната уредничка на познатиот магазин „Вог“, а настанот е под нејзина целосна контрола. Таа го презеде настанот во 1999 година и оттогаш ја предводеше неговата трансформација, претворајќи го во мултимилионски јавен спектакл.

Винтур има репутација на „владетелка со железна тупаница“, а подемот на „Мет гала“ е доказ за нејзиниот ефикасен пристап. За разлика од другите добротворни гала-вечери чиј билет е достапен за јавноста, само поканетите гости можат да купат влезница за „Мет“, што значи дека никој не е присутен без одобрувањето од Винтур. Таа исто така ја одбира облеката што гостите ја носат, во кои спаѓаат добитници на „Оскар“,  милијардерите, славни супермодели и членови на благородништвото. Доколку изгледот на одредена ѕвезда разочарува, тоа е затоа што Винтур така одлучила.

– Вината не е целосно кај Винтур, бидејќи голем број од костумите на „Мет“ не се креирани од страна на модната индустрија, или од оние кои се поканети на црвениот тепих. Двете теми на „Мет гала“, од оваа и од 2013 година, се естетски светови кои се спротивни на традиционалните, класични идеи на добриот вкус. Кампот, во овој случај, бара хумор и среќа, што не доаѓа природно за оние кои се опседнати со декор – се посочува во анализата на „Атлантик“.

Сепак, дел од присутните на „Мет гала“ беа мошне интересно облечени. Актерот Били Портер беше облечен како египетски бог седнат на позлатен трон што го носат слугите. Кејси Мусгрејвс се појави на црвениот тепих облечена како вистинска Барбика која не ги мрда зглобовите на рацете. Френк Оушн ја изведе шалата на ноќта, појавувајќи се облечен како придружник за паркирање на „Прада“. Границата помеѓу модниот врв и раперите, кантри-пејачите, како и сите останати креативни „чудаци“ никогаш не била толку нејасна. Не е ни чудо што овие гости беа и ѕвездите на „Мет гала“, бидејќи нивните кариери се надвор од долготрајните структури на модата и добриот вкус.