Зошто светот е преполн со неспособни, а доброплатени работници?

89

Работејќи како наставник во Канада, во четириесетите години на минатиот век Лоренс Ј. Питер бил збунет од однесувањето на колегите и надредените. Тој конкурирал за работа во новата школска област, ама сите негови формулари и документи му биле враќани. Немало ништо грешно во пријавите, од Министерството за образвоание му објасниле дека не можеле да ги прифатат неговите пријави затоа што во пошта не биле регистирани како безбедносна пратка, иако, фактот бил дека документите безбедно стигнале на упатената адреса.  

Како некој што е толку глупав може да заврши во Министерство за образование, се прашувал Питер. Потоа тој го забележал тоа бесмислено однесување насекаде околу себе – во политиката, во новинарството, во војска, во судството, пишува Би-би-си.

– Насекаде има професилнална неспособност – напишал подоцна во својот бестселер на оваа тема.

Книгата е објавена во 1969 година, и во неа Питер објаснува како повеќето луѓе добиваат унапредување на основа на моментална импресија, не земајќи го предвид нивниот капацитет на преземат поголема одговорност.

– Секој вработен има склоност да се издигне до своето ниво на неспособност – пишува Питер, а овој став подоцна е прифатен во психологијата како „Питеров принцип“.

Неговата книга генерално е сатирична и е обид да се „сруши системот“.

Високо ниво на неспособност

Неодамна е спроведено истражување во 131 компанија (кои работат во ИТ-секторот, во производство и професионални услуги). Преработени биле податоци од речиси 39.000 продавачи, од кои 1.553 биле унапредени на раководна позиција, во текот на шестгодишното истражување. Тимот дошол до заклучок дека унапредени биле најдобрите продавачи. Менаџерите, кои до неодамна биле продавачи, не успеале да раководат со своите колеги.

Личниот нагон, дури и агресија, потребни за нешто солидно да се продаде, не се пренесува добро и на вештните во кои треба да се работи и да се менаџира со луѓето, а уште помалку да ги мотивира.

Експертите велат дека способноста да постигнат голема продажба и кои работат самостојно, не се ефикасни како менаџери.

Како што првобитно пишува Лоренс Ј. Питер во својата книга, неспособноста за менаџирање е видлива и во академските и образовните кругови.

-Најдобриот истражувач или предавач, можеби не е најдобар за да биде декан на некоја установа – вели Кели Шу од одделот на менаџмент на „Јеил“.

Нејзината анализа покажала дека 23 отсто од вработените се спремни да го напуштат работното место доколку на функција се стави неспособен колега.

Ова правило, пак, не важи во медицината. И покрај тоа што многумина мислат дека докторите треба да се занимаваат со медицина, а менаџери треба да ги водат болниците, истражувањата покажуваат дека докторите треба да ги водат другите доктори затоа што само тие разбираат што вистина е потребно.

Ако шефовите ги унапредуваат оние што моментално се најдобри, ризикуваат да унапредат некој што има проблем со менаџерска стратегија. Ако, пак, се фокусираат на другите квалитети, нивниот недостаток од техничка стручност може да ги демотивира и разочара останатите вработени. Затоа, треба да се најде рамнотежа меѓу двете работи, стои во образоложението на истражувањето.