Зошто одењето на плажа налето нѐ прави среќни?

178

Убавото опкружување на плажите нѐ смирува и нѐ одмора од прекумерна стимулација што ја имаме во секојдневниот живот. Ни помага да се опуштиме и психички да се насочиме кон живеењето во сегашниот момент

Првата асоцијација на летото е плажа и среќни и насмени луѓе. Ништо не може толку да нѐ орасположи како капењето, дружењето, сонцето во најтоплите летни денови. Дури и самата помисла на уживањето на плажа нѐ прави посреќни. Го паметиме тоа чувство долго и нѐ мотивира повторно да го доживееме.
Еве зошто конкретно ни е толку убаво на плажа.

Летна топлина
Најчесто плажата ја поврзуваме со лето и годишен одмор. Летото е време кога накратко можеме да избегаме од секојдневниот живот и да бидеме опкружени со среќните лица на оние што најмногу ги сакаме. Престојот во вакво опкружување има позитивен ефект на нас. Сонцето со својата светлина и топлина исто така нѐ прави среќни, а и ни дарува витамин Д, кој, пак, помага да се активира серотонинот, познат како хормон на среќата, во нашето тело.

Инспирација
Одењето на плажа нѐ исполнува и е мотивирано од активностите што ги сметаме за забавни или добри за умот и за телото. Ни овозможуваат да бидеме активни, преку прошетки, капење, нуркање, едрење, риболов и други водени активности. Фотографите, сликарите, уметниците и поетите летото ги инспирира со својата убавина, боја и природни убавини на плажата и чувствата што во нас ги предизвикуваат. А кога се чувствуваме добро, и физички и ментално, тогаш сме среќни!

Поврзаност со природата
Нашиот современ стил на живот сѐ повеќе нѐ оддалечува од природата. Секојдневно сме под удар на стрес, рокови што нѐ притискаат, конфликти со разни луѓе… Одењето на плажа на нас има спротивен ефект, нѐ опушта преку звукот, мирисот, допирот. Убавото опкружување нѐ смирува и нѐ одмора од прекумерна стимулација што ја имаме во секојдневниот живот. Ни помага да се опуштиме и психички да се насочиме кон живеењето во сегашниот момент, наместо да се грижиме за минатото и иднината. А кога сме опуштени, ние се чувствуваме среќно.

Магијата на водата
Не е можно да се размислува за плажата, без да се размислува за море, езеро, река, па и базен. Морето е исцелувачко и здраво, нѐ трансформира на позитивен начин.
Тоа нѐ освежува, односот меѓу водата и човекот ги поттикнува креативноста, емпатијата, перцепцијата и позитивната емоција. Солта во морската вода е одлична за кожата, а се верува дека и зголеменото количество магнезиум нѐ смирува и нѐ прави среќни.