Зошто на жените им треба повеќе сон отколку на мажите?

306

Истражувачите од универзитетот „Дјук“ откриле дека недоволното спиење е поврзано со поголеми психолошки проблеми и повисоки нивоа на биомаркери поврзани со зголемен ризик од срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Она што е интересно за ова истражување е дека овие проблеми се значително посилни кај жените отколку кај мажите. Се поставува прашањето зошто на жените им треба повеќе спиење?

– Во минатото, повеќето студии за спиење се вртат околу мажите, иако жените имаат двојно поголеми шанси за проблеми со нивниот сон. Откривме дека за жените, неквалитетниот и недоволен сон е силно поврзан со високи нивоа на психолошко нарушување и поизразени чувства на непријателство, депресија и гнев. Спротивно на тоа, овие чувства не биле поврзани со истиот степен на нарушување на спиењето кај мажите – вели Едвард Суарез, главен автор на студијата.

За секоја возрасна личност се потребни 7-8 часа за нормален сон, но жените имаат одредени недостатоци што го отежнуваат проблемот. На многу жени може да им биде тешко да спијат и поради хормоналните промени.