Зошто Меган Маркл прифати да биде наратор во документарецот на Дизни?

124

Говорејќи за магазинот „Пипл“, режисерката на документарниот филм на Дизни „Слон“, Ванеса Берловиц објаснила дека војвотката од Сасекс, Меган Маркл, била инспирирана да го прифати ангажманот откако дознала за улогата на женските слонови во стадото, за време на нејзината посета на Боцвана со принцот Хари во 2017 година, пренесува „Експрес“.

За време на нивниот престој во Боцвана, парот работел со организацијата за дивите животни „Слонови без граници“ .

Од Боцвана, семејството слонови прикажани во документарниот филм го започнуваат своето патување, пред да тргнат низ пустината Калахари во потрага по вода.

Според Берловиц, за време на посетата на двојката, таа и нејзиниот колега Марк Линфилд и објасниле на Меган за важноста на владеењето на матријахатот кај стадата на слоновите. Секогаш женските слонови го водат стадото.

Тогаш на војвотката и биле прикажани и делови од претстојниот документарен филм.

– Колку е важен матријахатот за приказната? Навистина се работи за женско раководство. Тоа е различна форма на моќ. Станува збор за лидерство со договор. Исто така, тоа е многу инклузивно, многу модерно. Таа беше апсолутно фасцинирана од тоа – вели Берловиц.

Уште тогаш, режисерите претпоставиле дека војвотката добро ќе се вклопи во улогата како наратор. Минатиот октомври Меган ја снимила нарацијата за филмот во лондонското студио на „Пајнвуд“.

Меган уште повеќе се идентификуваше со животните откако го роди своето прво дете со принцот Хари, според Берловиц.

– Можевте да кажете дека таа се идентификуваше со слоновите Шани и Јојо и ги чува малите во колона и да се забавуваат. Таа се чувствуваше како нормална мајка која минува низ нормалните тешкотии и неволји за воспитување на бебе. Како една од нас – вели режисерката.