Зошто луѓето на старите фотографии не се смеат?

475

Едно од вообичаените прашања што луѓето ги поставуваат на Гугл e зошто луѓето на старите фотографии не се смеат. Кога ќе погледнете фотографии од старо време, честопати ќе видите дека луѓето на фотографиите се сериозни. Не мора да бидете голем генијалец за да забележите дека лицата им се совршено мирни додека чекаат да бидат сликани. Тоа не значи дека биле потиштени, потажни или помрачни од нас, туку дека тие имале поинаков став кон сопствените фотографии. Кога луѓето се фотографирале, тоа за нив бил важен момент. Фотографијата била многу ретка и не секој можел да си го дозволи тоа. Некои го правеле тоа дури и само еднаш во животот.

Тогаш немало програми во кои грешките може да се коригираат, тие останувале засекогаш снимени на фотографијата. Но само најбогатите можеле да си дозволат вистински сликари што ќе цртаат портрети, а оние што биле малку посиромашни, можеле да си дозволат фотографии. Затоа луѓето го сфаќале овој величествен момент многу сериозно, што можеби никогаш повеќе нема да можат да си го дозволат.
Денес, кога секој од нас прави десетици фотографии дневно, тешко е да се разбере колку некогаш фотографиите имале интимно значење. Фотографиите денес се знак на еден вид социјализација, на фотографиите се претставуваме како среќни луѓе. Се смееме на безброј самослик-фотографии, но тоа претставува моментална среќа. Овие незаинтересирани и сериозни луѓе од старите фотографии веројатно се забавувале исто како и ние, но немале хистерична потреба да го покажат тоа на фотографиите.