Здрава храна

188

Нутриционистички митови

Бет Скеварецки, авторка на книгите „Аутбрејк“ и „Џенетикс 101“, ги издвојува митовите за храната. Првиот е дека кафето и црвеното вино се многу здрави. Точно е дека тие имаат корисни состојки, но тоа не значи дека оние што ги пијат ќе бидат поздрави од оние што не ги консумираат овие пијалаци.
Според неа, треба да се јадат зеленчук и разновидна храна, но не треба да се заморуваме со тоа која бобинка има повеќе антиоксиданси. Тоа е само губење време, затоа што не јадеме нутриенти, туку храна.

Кето-диетите што се многу популарни, смета Скеварецки, немаат предност пред другите диети што ги исфрлаат јагленохидратите.
– Најдобро што можеме да направиме за своето здравје и линијата е да јадеме разновидна храна и умерено. Односно, да избираме исхрана на која можеме да се придржуваме долгорочно, без оглед дали е тоа кето-исхрана или некоја друга – вели авторката.