Неколку причини зошто треба да јадеме јагоди

Јагодата е едно од најнеодоливите овошја, но, освен што е вкусна, таа е и многу здрава. Бидејќи периодов веќе ги има на пазарите, издвојуваме неколку причини зошто би требало максимално да се користат во исхраната.
Високо ниво антиоксиданти: меѓу овошјето се четврти според нивото на антиоксиданси што го штитат нашето тело од слободните радикали и кои се поврзуваат со предвремено стареење и различни заболувања. Тие исто така содржат и природни феноли, кои служат како еден вид аспирин и имаат благотворно дејство против воспаленија и болки.
Извор на витамин Ц: витаминот Ц ја зголемува силата на артериите, го спречува создавањето модринки и ја засилува работата на жлездата за адреналин, која бара поголемо количество витамин Ц во однос на кои било други жлезди и органи во нашето тело.
Корисни во борба против тумори и алергии: тие содржат флавоноиди што го поттикнуваат телото да создава пречки во фазите на развој на клетките на ракот и ја спречуваат нивната можност за размножување. Киселините, пак, во ова овошје имаат антиалергиски својства, па токму затоа и помагаат при намалување на биохемиските процеси што се поврзуваат со алергиските реакции.
Здрави за срцето: во една порција јагоди се наоѓаат 134 милиграми калиум, кој го регулира крвниот притисок и дејствува како заштита од негативното влијание на натриумот. Исто така, јагодите го намалуваат лошиот холестерол во крвта, кој предизвикува затнување на артериите.