Кои пијалаци му штетат на вашето срце

Многу е важно добро да се грижите за вашето срце ако посакувате долг и здрав живот. Иако нема гаранции кога може да дојде до срцев удар, сепак, можете да направите нешто за да го намалите тој ризик. Тоа се случува кога протокот на крвта во срцето е блокиран, а причина за тоа е собирање масни наслаги на крвните садови, вклучувајќи го и штетниот холестерол.
Една компонента што има голема улога во здравјето на вашето срце е исхраната, а тоа ги вклучува и пијалаците. Овие пет пијалаци треба да ги избегнувате или барем да ги пиете умерено, за да го одржите своето срце здраво.
Газирани пијалаци – Едно истражување покажа дека слатките напивки можат да го зголемат ризикот од срцево болести, а тоа е главна причина за срцев удар.
Кофеин – Иако се покажа дека консумирањето еден филџан кафе го намалува ризикот од срцев удар, големото внесување кофеин лошо влијае на срцето, бидејќи го зголемува нивото на маснотии во крвта.
Енергетски пијалаци: Тие му штетат на срцето со тоа што го зголемуваат крвниот притисок и предизвикуваат абнормални срцеви ритми.
Алкохол – Оние што пијат алкохол имаат ризик за развој на срцеви проблеми, а особено на тоа се подложни жените.
Милкшејк – Две компоненти ја прават оваа напивка опасна за срцето: шеќерот и заситените масти. Затоа размислете пред да се напиете, па макар и еднаш неделно.