Здрава храна

166

Семето од чиа заменува јајце, млеко и риба

Иако до неодамна семето чиа беше речиси непознато, сега може да се најде насекаде – во кашест сок, гранола, јогурт. Семето од чиа може да апсорбира речиси 12 пати повеќе течност од својата тежина, што го прави одлична состојка за здрав (и убав) пудинг. Затоа не е изненадувачки што тоа денес се смета за суперхрана и радува фактот што можете да го вклучите во вашата исхрана на многу различни начини.
Луѓето илјадници години консумираат семе од чиа. Чиата расте во близината на екваторот, во земји како Мексико, Боливија и Еквадор. Античките Ацтеки и Маите ја јаделе многу пред да стане популарна храна. Семето од чиа ви дава многу придобивки. Се разбира, семето од чиа не е замена за здрава и урамнотежена исхрана, но факт е дека содржи многу хранливи материи. На пример, едно лажиче семе од чиа содржи речиси 5 грама омега 3 масни киселини, кои нормално ги наоѓаме во лососот и другите риби. Семето од чиа е одличен извор на протеини и калциум. Две лажици семе од чиа содржат исто количество протеини како, на пример, едно јајце. Но чиата не е само одлична замена за вегетаријанците туку и за луѓето што не консумираат млечни производи. Две лажици семе од чиа содржат и 177 мг калциум, додека една чаша млеко содржи 300 мг калциум.